Програма за закрепнување на балканскиот рис

Заштити го балканскиот рис

Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) има за цел да оствари одржлива популација на балканскиот рис преку справување со главните закани. Со прекугранична соработка, истражување, мониторинг, вклученост на населението, промовирање политики и комуникација, Програмата се стреми да ги подобри заштитарските стратегии, да ја зајакне правната заштита и да воспостави одржлива мрежа на живеалишта за видовите.

© МЕД© МЕД

© МЕД

Балканскиот рис

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е меѓу најретките мачки во Европа, каде во природа опстануваат помалку од 50 единки. Овој критично загрозен подвид, кој живее во Југоисточен Балкан, се соочува со сериозни закани, како загуба на живеалиштата, криволов и намалување на пленот. Дознај повеќе за распространувањето, живеалиштето и однесувањето.

Програма за закрепнување

Програмата за закрепнување на балканскиот рис претставува меѓупартнерска соработка за заштита на ова животно. Дознај повеќе за целите, пристапот и партнерите.

Вести

Новости од проектот
© EuroNatur© EuroNatur

© EuroNatur

Одржување на соработката и довербата

Од теренски мониторинг до научна размена и регионална соработка, септември и октомври 2026 година беа исполнети месеци за Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП). Се случија три средби – три одлични можности за експертите за заштита на природата, истражувачите и локалните чинители да разменат знаења, да го зајакнат партнерството и да ги унапредат напорите за заштита на критично загрозениот балкански рис.
Детали
© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Шумските пожари - закана за живеалиштата на балканскиот рис

Шумските пожари сериозно ги загрозуваат шумските предели кои се суштински важни за критично загрозениот балкански рис. Ова го потврдија и неодамнешните пожари на планината Тербун, во поширокиот регион Мунела во северниот дел на Албанија.
Детали
© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Нова снимка од балкански рис: Позната единка забележана на нова локација

Балкански рис, кој претходно бил забележан во областа Полис-Валамара, сега е документиран помеѓу Корча и Скрапар во јужна Албанија, што e најјужната локација каде што досега е потврдено појавување на балкански рис во Албанија и, воопшто, на Балканот. Новиот наод ги проширува нашите сознанија за движењето на оваа единка и открива важна трага за можната еколошка поврзаност меѓу живеалиштата.
Детали
© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Меѓународен ден на рисот 2026
Секоја година на 11 јуни, низ светот се одбележува Меѓународниот ден на рисот. По тој повод, организации, партнери и локални заедници спроведуваат разни активности за да ја подигнат свеста за зачувување на рисот и да истакнат колку е важно да се заштитат видови како балканскиот рис. Годинава, во Косово беше промовирана книгата за деца „Заштитник на природата“, а во Северна Македонија јавната свест се подигаше преку социјалните мрежи. Во Албанија беа спроведени низа настани со еколошка тематика со цел младите да се запознаат со рисот, заканите со кои се соочува и улогата што овој вид ја има за биолошката разновидност.
Детали