Програма за закрепнување на балканскиот рис

Заштити го балканскиот рис

Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) има за цел да оствари одржлива популација на балканскиот рис преку справување со главните закани. Со прекугранична соработка, истражување, мониторинг, вклученост на населението, промовирање политики и комуникација, Програмата се стреми да ги подобри заштитарските стратегии, да ја зајакне правната заштита и да воспостави одржлива мрежа на живеалишта за видовите.

© МЕД© МЕД

© МЕД

Балканскиот рис

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е меѓу најретките мачки во Европа, каде во природа опстануваат помалку од 50 единки. Овој критично загрозен подвид, кој живее во Југоисточен Балкан, се соочува со сериозни закани, како загуба на живеалиштата, криволов и намалување на пленот. Дознај повеќе за распространувањето, живеалиштето и однесувањето.

Програма за закрепнување

Програмата за закрепнување на балканскиот рис претставува меѓупартнерска соработка за заштита на ова животно. Дознај повеќе за целите, пристапот и партнерите.

Вести

Новости од проектот
© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Меѓународен ден на рисот 2026
Секоја година на 11 јуни, низ светот се одбележува Меѓународниот ден на рисот. По тој повод, организации, партнери и локални заедници спроведуваат разни активности за да ја подигнат свеста за зачувување на рисот и да истакнат колку е важно да се заштитат видови како балканскиот рис. Годинава, во Косово беше промовирана книгата за деца „Заштитник на природата“, а во Северна Македонија јавната свест се подигаше преку социјалните мрежи. Во Албанија беа спроведени низа настани со еколошка тематика со цел младите да се запознаат со рисот, заканите со кои се соочува и улогата што овој вид ја има за биолошката разновидност.
Детали
© ЕРА © ЕРА

© ЕРА

Најнови вести за теренската работа во ареалот на балканскиот рис

Теренската работа е клучна во Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП). Целта на програмата е да се воспостави континуиран мониторинг и да се спроведе таргетирано истражување на екологијата и потребите на балканскиот рис, поради што нашите партнери од Албанија, Република Северна Македонија и Косово и натаму се на терен. Во текот на изминатите месеци, во Албанија беше поставена нова мрежа за мониторинг со фотозамки, во Македонија ѝ беше поставен ГПС-околувратник на рисицата Благица, а во национален парк во Косово беше лоцирана дотогаш непозната единка на балканскиот рис.
Детали
© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Претставен втор мурал од балканскиот рис во Албанија
Албанскиот град Пука сега има нов симбол што ја слави природата и богатиот биодиверзитет на Албанија. Направен на 19 април 2026 година, муралот од балкански рис е вториот мурал во Албанија посветен на овој редок и критично загрозен вид. Првиот беше насликан во 2024 година во училиштето „Васил Шанто“ во Тирана.
Детали

© Iskra Stojanova

Во Бразил усвоена Регионална стратегија за зачувување на балканскиот рис

Регионалната стратегија за зачувување на балканскиот рис беше официјално усвоена на петнаесеттиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за зачувување на миграторните видови диви животни (CMS COP15) што се одржа во Бразил. Стратегијата се фокусира на развивање национални акциски планови, поврзување на живеалишта и подобрување на генетската разновидност, а во наредните години ќе ја спроведуваат надлежните органи и експерти.
Детали