Вести
Во Бразил усвоена Регионална стратегија за зачувување на балканскиот рис
Регионалната стратегија за зачувување на балканскиот рис беше официјално усвоена на петнаесеттиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за зачувување на миграторните видови диви животни (CMS COP15) што се одржа во Бразил. Стратегијата се фокусира на развивање национални акциски планови, поврзување на живеалишта и подобрување на генетската разновидност, а во наредните години ќе ја спроведуваат надлежните органи и експерти.
Заедничките заложби за зајакнување на мерките за заштита на балканскиот рис даваат резултати. На 15-от состанок на Конференцијата на страните на Конве...

© МЕД
Излезе новата брошура за балканскиот рис
Со голема радост ви соопштуваме дека ја објавивме најновата брошура за балканскиот рис и за проектот со кој го штитиме рисот.
Брошурата нуди опширни сознанија за балканскиот рис – историски преглед, живеалиште и закани. Дадени се и заштитарските мерки за зачување на ова крити...

Крле © МЕД
Ставање околувратници на рисови за научни цели
Македонското еколошко друштво, како партнер на БЛРП од Македонија, става околувратници на единки од балкански рис за да стекне детални сознанија за тоа како овој загрозен подвид ги користи живеалиштата и каде се движи. Ова се остварува преку ГПС-околувратници. Од почетокот на проектот околувратник носеле 15 единки, и дале вредни податоци.
Зора
Зора е нашиот петнаесетти заловен балкански рис во Македонија, кој доби околувратник во април 2025 г. Преку радиотелеметрија откриваме дека шп...

© ЕРА
Следење на достапноста на пленот за балканскиот рис
Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) ја проценува достапноста на дивокозата во неколку региони за да стекне сознанија за овој битен плен на рисот. Ова ќе даде основа за да се конципираат соодветни заштитарски мерки.
Овој рис претежно лови мали копитари, како дивокоза и срна, но и див зајак, глодачи, а понекогаш и лисици. Опстанокот тесно му е поврзан со достапност...

© БЛРП
БЛРП на меѓународната сцена
Есенва БЛРП присустуваше на два меѓународни собири: Конгресот на IUCN во Абу Даби и состанокот на Еуролинкс во Белгија.
Еуролинкс
Тимот рисаџии присуствуваше на состанокот на Еуролинкс (13–15 октомври 2025), платформа за европската научна фела што го проучува рисот, ...
Заштита на балканскиот рис – европска обврска
Настанот на Европскиот парламент во Брисел на 24 септември 2025 г. го впери вниманието кон балканскиот рис. Заштитата на оваа ретка мачка станува критериум за заштита на видовите кај земјите пристапнички.
На 24 септември во Европскиот парламент имаше настан на покана на двајцата европарламентарци Себастијан Евердинг и Томас Вајц на кој се состана група ...

© МЕД
Активности по повод Меѓународниот ден на рисот
Секоја година на 11 јуни се одбележува Меѓународниот ден на рисот. На овој ден, организации од земјите во чијашто територија живее рисот спроведуваат различни активности за да ја нагласат критичната состојба на балканскиот рис. Во 2025 година, нашите партнери го одбележаа овој посебен ден со повеќе настани.
Косово: Изложба на фотографии од фотозамки
Посетителите имаа можност да погледнат уникатни фотографии снимени со фотозамки од партнерот на БЛРП — ЕРА...

© БЛРП
Северна Македонија
Состанок во Скопје за унапредување на Регионалната стратегија за балканскиот рис
Клучен регионален состанок одржан во Скопје, Северна Македонија, на почетокот на јуни 2025 година, ги собра експертите и претставниците од релевантните министерства од целиот Балкан со цел заедничка работа на стратегија за заштита на критично загрозениот балкански рис.
Од 3 до 4 јуни 2025 година, 38 учесници од целиот ареал на балканскиот рис – вклучувајќи ги Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Г...

© МЕД
© MES
Северна Македонија
Ново истражување: Први робусни проценки за густината на популацијата на балканскиот рис во неговото јадро
Ново истражување објавено во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис (BLRP) дава увид во моменталната состојба на критично загрозениот балкански рис во неговото јадро. Истражувањето се обидува да одговори на едно суштинско прашање: Колку балкански рисови останале во нивното основно живеалиште и како се променил овој број во последната деценија?
Во период од десет години (2013–2023), го следевме балканскиот рис во шумите и тешко пристапните планински предели на Националниот парк Маврово со пос...

© МЕД
Северна Македонија
Средба со мештаните од Вирово
Дел од заштитарската работа во Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) е и средба со мештаните во регионите каде талка ова таинствено животно. Токму годинава во мај имавме една средба во македонското село Вирово.
Вакви средби обично се организираат во текот на сесиите за мониторинг на балканскиот рис, а целта е да се изградат доверба и долгогодишни односи со ло...




