БЛРП на меѓународната сцена
Есенва БЛРП присустуваше на два меѓународни собири: Конгресот на IUCN во Абу Даби и состанокот на Еуролинкс во Белгија.

© БЛРП
Еуролинкс
Тимот рисаџии присуствуваше на состанокот на Еуролинкс (13–15 октомври 2025), платформа за европската научна фела што го проучува рисот, каде се споделуваат најновите сознанија и се разгледуваат можности за соработка. На настанот учествуваа над 100 учесници од целиот континент, а имаше 30 усни и 8 постер-презентации. Инес Морено, дел од БЛРП, зборуваше за сценарија за управување со балканскиот рис. Воедно, низ два постера ја претставивме и научноистражувачката работа за процена на популацијата на срната и дивиот зајак, како главен плен на рисот.
Конгрес на IUCN во Абу Даби
БЛРП учествуваше и на Конгресот во Абу Даби, кој се одржа од 9–15 октомври 2025 г. На штандот на ППНЕА понудивме информации и промотивни материјали поврзани со проектот, меѓу нив и новата брошура за рисот, издадена од БЛРП. Со присутните зборувавме за нашата работа поврзана со заштитата на балканскиот рис. Благодарност до ППНЕА за оваа одлична можност!





