Партнер

Да го заштитиме балканскиот рис – заедничка мисија: Организациите ППНЕА, КОРА, МЕД, ЕРА и Еуронатур ги споија стручноста, знаењето и податоците, сè со една цел: да се обезбеди иднина за загрозениот балкански рис.

Северна Македонија

МЕД

Македонското еколошко друштво (МЕД) е граѓанска организација која е активна во полето на екологијата и заштитата на животната средина. МЕД својата цел ја постигнува преку спроведување проекти и организирање експертски и научни средби. Освен научно-истражувачката работа, МЕД ги зајакнува капацитетите низ обуки за членовите и оснажнување на младите. Од 2006 г. МЕД е дел од Програмата за закрепнување на балканскиот рис.

Веб-страница | Фејсбук | Инстаграм | LЛинкедин 

Албанија

ППНЕА

Основано во 1991 г., Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) е меѓу најстарите еколошки невладини органзаиции во земјата. ППНЕА се насочува кон зачувување на природата преку научни истражувања, ангажираност на заедницата и соработка со разни институции. Од 2006 г., ППНЕА е вклучена во Програмата за закрепнување на балканскиот рис каде спроведува стратегии за критично загрозеното животно и неговите живеалишта во Албанија.

Веб-страница | Фејсбук | Инстаграм | Линкедин | Јутјуб

Косово

ЕРА

ЕРА (Друштво за одговорно еколошко делување) претставува еколошка организација со седиште во Пеќ, Косово, основана во 2003 г. ЕРА се приклучи кон Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) во 2013 г. со мисија да ги заштити критично загрозениот балкански рис (Lynx lynx balcanicus) и неговото живеалиште. Организацијата е насочена кон истражување и мониторинг, и кај заедницата поттикнува ангажираност за зачувување на биолошката разновидност. ЕРА важност им придава на еколошката едукација и вклученоста на локалните заедници во остварување одржливи практики, со што дава значителен придонес за зачувувањето на природните предели на Косово.

Веб-страница | Фејсбук | Инстаграм 

Германија

Еуронатур

Еуронатур претставува хуманитарна фондација основана во 1987 г. со седиште во Радолвцел, на Боденско Езеро во Германија. Заштитарските проекти на фондацијата придонесуваат да се зачува убавината и разновидноста на европската природа. Еуронатур ги штити пределите со еколошка и културолошка вредност низ Европа. Нагласокот го става на соработката со партнерите во проектните подрачја за да се оствари ефективна заштита на природата. Еуронатур е дел од Програмата за закрепнување на балканскиот рис од самиот почеток во 2006 г.

Веб-страница | Фејсбук | Инстаграм | Линкедин | Јутјуб

Швајцарија

КОРА

КОРА е фондација со седиште во Швајцарија. Целта ù е зачувување на дивиот свет, особено на крупните месојади, во културниот предел. КОРА е одговорна за национален мониторинг на крупните месојади и предводи научни проекти со фокус на неколку видови, меѓу кои, волк, рис, дива мачка, мечка и чакал. Од почетокот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис во 2006 г., КОРА е вклучена како меѓународен научен партнер кој нуди научна експертиза и поддршка за комуникациските цели и стратешкиот развој на Програмата.

Веб-страница | Фејсбук | Инстаграм  | X