Северна Македонија

Состанок во Скопје за унапредување на Регионалната стратегија за балканскиот рис

Клучен регионален состанок одржан во Скопје, Северна Македонија, на почетокот на јуни 2025 година, ги собра експертите и претставниците од релевантните министерства од целиот Балкан со цел заедничка работа на стратегија за заштита на критично загрозениот балкански рис.

© БЛРП© БЛРП

© БЛРП

Од 3 до 4 јуни 2025 година, 38 учесници од целиот ареал на балканскиот рис – вклучувајќи ги Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина – се собраа во Скопје на стратешки регионален состанок, кој вклучи и теренска посета на Националниот парк Маврово – главното живеалиште на балканскиот рис. Целта на состанокот беше заедничка работа на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис.

Бидејќи балканскиот рис од февруари 2024 година е вклучен во Конвенцијата за миграторни видови (CMS), клучна акција е создавање на заедничка Регионална стратегија за неговата заштита и зачувување

Состанокот беше организиран од страна на МЕД и ко-модериран од Искра Стојанова (UNEP) и Урс Брајтенмозер (ИУЦН – Група за големи мачки), со онлајн учество на Клара Нобе (CMS) и Марта Медлинска (Бернска конвенција), што ја нагласи меѓународната важност на оваа иницијатива.

Оваа стратегија е резултат на инклузивен процес поддржан од Програмата за закрепнување на балканскиот рис (BLRP), која одигра клучна улога во подготовките за овој состанок. Почетните подготовки беа направени на Партнерскиот состанок на BLRP во ноември 2024 година, по што следуваа четири онлајн консултации со сите земји од ареалот во април и мај 2025 година, со цел да се подготви нацрт-стратегијата презентирана на физичкиот состанок.

Овој заеднички пристап обезбедува финалниот документ да ги одразува заедничките приоритети и специфичните потреби за заштита на регионот. Во наредните месеци ќе се работи на финализирање и ревизија на нацртот, со јасна цел: обезбедување на единствен и научно заснован пристап за зачувување на балканскиот рис и неговото кревко живеалиште.

Назад