Северна Македонија
Средба со мештаните од Вирово
Дел од заштитарската работа во Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) е и средба со мештаните во регионите каде талка ова таинствено животно. Токму годинава во мај имавме една средба во македонското село Вирово.
© МЕД
Вакви средби обично се организираат во текот на сесиите за мониторинг на балканскиот рис, а целта е да се изградат доверба и долгогодишни односи со локалното население. Низ информации за екологијата и биологијата на рисот, БЛРП сака јавноста подобро да го разбере животното и да се вклучи во неговата заштита.
Најинтересното нешто од вечерта во Вирово беше проекцијата на документарниот филм „Во срцето на Балканот: барајќи го рисот“, каде е прикажана долгогодишната работа посветена на рисот. Ова беше можност жителите да дознаат за балканскиот рис и да си помуабетат во опуштена атмосфера.