Северна Македонија

Рисот Луна носи GPS-околувратник

Луна, женката балкански рис, доби GPS-околувратник во јануари 2024 г. преку БЛРП.

© МЕД© МЕД

© МЕД

Во ноќ со полна месечина, 26  јануари 2024 г., тимот од Македонското еколошко друштво (МЕД) оствари значителен успех. Во кафез-замка активирана само неколку дена претходно се залови млада женка балкански рис, тешка 16 килограми.

Рисицата беше во подрачјето Буковиќ, кое важи за значаен биокоридор за балканскиот рис и составен дел од еколошката мрежа на подрачја што ја користат дивите животни.

Заловувањето беше во рамки на тековните заштитарски активности од БЛРП со кои ќе се збогатат сознанијата за биологијата и екологијата на критично загрозеното животно и ќе се добие појасна слика за користењето на биокоридорите. Така, радиотелеметриските податоци покажуваат дека омилен плен на Луна ù е срната. Картата, пак, покажува дека рисицата има територија од околу 140 km2, каде спаѓаат шуми и ливади, а повремено забележуваме и екскурзии до високопланинските пасишта.  

Луна е меѓу четиринаесетте заловени единки од почетокот на БЛРП во 2006 г.

Назад