Косово
Еколошка едукација во Косово
ЕРА, партнерската организација на БЛРП од Косово, активно се вклучува во унапредувањето на еколошката едукација во училиштата, охрабрувајќи ги младите да применуваат одржливи животни навики, на пример, заштита на загрозени видови, како што е балканскиот рис.

© ЕРА
ЕРА спроведува еколошка едукација за да се подигне свеста кај младите, особено во руралните средини и помалите заедници, и да ги поттикне на активизам. Ваквите иницијативи треба да изградат култура на еколошка одговорност и така учениците да се насочат кон одржливи практики во средината.
Во сржта на овие активности е заштитата на загрозените видови, како што е балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus). Благодарение на ЕРА, балканскиот рис влезе во наставната програма за шесто одделение, оставајќи можност заштитарските заложби подобро да се разберат и заеднички да се спроведуваат.
Во рамки на меѓународни иницијативи за еколошки училишта, ЕРА тесно соработува со училиштата за спроведување одржливи практики. Тука спаѓаат екоградини, програми за рециклирање и за унапредување на енергетската ефикасност. Овие заложби дадоа опипливи резултати, па кај учениците се зголемија познавањата за загрозените видови и се истакна важноста од менторство на еколошки теми.