Албанија

Кампања за подигнување на јавната свест во Тирана: #NatureLynxUs

Од 27 септември 2024 г., мурал со загрозениот балкански рис го краси урбаниот крајолик на Тирана. Насликан на основното училиште „Васил Шанто“, лоцирано во најфреквентниот дел од градот, муралот соединува уметност, заштитарство и граѓански активизам за да се подигне јавната свест за критично загрозеното животно.

© ППНЕА© ППНЕА

© ППНЕА

Мурал со мисија

Муралот, дело на уметникот Франко Дине, доловува балкански рис под слоганот „Природата нè поврзува“ (Nature Lynx Us). Слоганот ја нагласува врската на човекот со природата и потребата од заштита. Проектот започна на почетокот од учебната година, кога учениците и наставниот кадар присуствуваа на излагање од Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП).

Муралот е во склоп на поширока кампања за подигнување на јавната свест за балканскиот рис, подвид од кој преостанати се помалку од 50 возрасни единки во Југоисточен Балкан. Главни закани се криволовот, уништувањето на живеалиштата, развојот на инфраструктура и шумските пожари. Поттикнати од резултатите од фотозамките во регионот Полис-Валамара, кампањата треба да опфати и други градови од Албанија – Елбасан, Пука и Поградец, каде исто така е утврден рис.

Уметност и активизам

Муралот ги истакнува заканите со кои се соочува балканскиот рис и промовира заштитарство. Со подигнување на свеста во градовите, кампањата за рисот, предводена од ППНЕА како партнерска организација, прави спој помеѓу зачувувањето на дивиот свет и секојдневниот живот. Со окрупнување на кампањата, заедниците добиваат поттик активно да го штитат балканскиот рис, применувајќи уметност, едукација и заштитарство. Така се нагласува заедничката одговорност да го спречиме неговото истребување.

Назад